26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПовикани сте на интервју за работа? Овие пет нешта ќе ви помогнат...

Повикани сте на интервју за работа? Овие пет нешта ќе ви помогнат да си ги зголемите шансите

Интервјуто за работа е ситуација за која треба добро да се подготвите, а добрите совети понекогаш не се доволни.

Лоу Адлер, автор на книгата „The Essential Guide for Hiring & Getting Hired“ објави корисен текст во кој ги наведува петте совети кои би требало да ги примените при интервјуто за работа.

Престанете да наведувате општи факти за себе, како „добро ги решавам проблемите“ или „јас сум вистинскиот тимски играч“. Таквите општи изјави се забораваат и игнорираат. Лицето кое ве интервјуира повеќе го интересираат конкретни примери врз чија основа може да ги оцени вашите способности.

Никогаш не зборувајте дека немате слабости. Сите имаат слабости. Ако отворено ги признаете вашите слаби страни, тоа говори дека имате волја да се поправите и усовршите.

На прашањата не одговарајте ни предолго ни прекратко. На интервјуто не ве оценуваат само врз основа на квалитетот на содржината туку и според квалитетот на презентацијата. Најдобри се одговорите кои траат околу една минута. Пократките одговори сугериираат дека ви недостасува способност, интерес, додека предолгите одговори ќе го заморат слушателот.

Не поставувајте веднаш прашања за погодностите и уловите на работа бидејќи така ќе оставите негативен впечаток. Лицето кое ве интервјуира може погрешно да ве разбере и да заклучи дека се грижите само за она што ќе го добиете а не за тоа како ќе работите.

За време на разговорот за работа не гледајте во својата биографија. Тоа може да биде знак дека сте нервозни или дека вашата приказна не е точна па само го читате напишаното што претходно сте го измислиле. Вашиот соговорник од вас очекува досегашното искуство да го знаете напамет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП