1 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.11.2017

Дневен хороскоп 09.11.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ви се дава шанса за напредување. Со оглед на тоа дека сте исклучително емотивни и дека длабоко го преживувате тоа што ви се случува, не е чудно што ве сметаат за чудна личност. Со причина или не, вашите блиски лица ќе уживаат покрај вас.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Како и секогаш имате јасна цел. Тешко е да ве убедат на нешто што не го сакате. Иако сте голем ентузијаст кога станува збор за работата, во моментов не сте подготвени да инвестирате во сомнителни трансакции. Можен е повик за романтичен состанок.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Секојдневието тешко ви паѓа бидејќи сте уморни. Во љубовта сте подготвени во многу нешта да му попуштите на партнерот со цел да си обезбедите мир и хармонија. Задоволни сте со својот изглед.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Критички сте расположени. Сакате по секоја цена да се изборите за нешто што ви припаѓа и можно е со поддршка на оние кои ве сакаат и ценат да успеете во таа ваша мисија. Обидете се да го избегнете озборувањето.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Остроумни сте и имате добра интуиција. Не превземајте на себеси големи обврски или одговорност за нешто што не го сакате. Секоја нова задача може многу да ве исцрпи. Мислите на некое лице кое повремено го гледате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не поднесувате неправда. Многу нешта не ви одат од рака и би било добро поинаку да се поставите кон некои проблеми. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Неодлучни сте како да се поставите во деловното опкружување, особено со директните и енергични лица. Романтични сте и заљубени. Можете да очекувате интересна средба на некое патување.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој се обидува да ја злоупотреби вашата добронамерност. Не дозволувајте некој да ве злоупотреби на било каков начин. Обидете се да бидете помалку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во некоја Водолија.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој сака да ви наштети на тој начин што долго време ви дава лоши совети. Можете да се потпрете на помошта од блискиот пријател. Можна е љубов со лице кое е далеку. Здравствената ситуација е добра и можете да бидете задоволни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Немате доволно време да и се посветите на работата. Ако имате намера да се впуштите во работа со некои роднини бидете претпазливи. Во љубовта сте прилично воздржани и недоверливи. Престанете да лажете.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Незадоволни сте бидејќи ситуацијата на работното место веќе подолго време не се менува. Ви се препорачува да бидете внимателни и да избегнувате конфликти со надредените. Во љубовта покажувате себичност.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Концентрацијата ви е лоша и можни се грешки кои можат да ви донесат последици. Чувајте се од личности кои ви ласкаат. Партнерот од вас очекува повеќе од она што му давате. Можно е заладување на односите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП