26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo останува на врвот по продажба на хардвер за игри

Nintendo останува на врвот по продажба на хардвер за игри

Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ беше во можност да ја предводи индустријата за видео игри по продажба на хардвер во септември. Ова е ветувачки знак за она што може да се очекува од сезоната на Божиќ, пишува „TechCrunch“.

„Nintendo Switch“ и помогна на компанијата да го постигне тоа, така што стана најпродаваната конзола во индустријата веќе трет месец. Конзолата е на пазарот седум месеци и во пет од нив е најдобро продаваната во целата индустрија.

Продажбата на „Switch“ во САД веќе достигна над 2 милиони примероци, што е многу добро, со оглед дека „Wii U“ продаде 6,23 милиони примероци во Северна Америка за целиот период од пуштањето, па досега.

Успехот на „Nintendo Switch“ беше дополнет и од тековната продажба на „3DS“ уредот, како и на оние на системот „Super NES Classic Edition“.

„Nintendo Switch“ е насочена кон претставување на „high-end“ софтверски премиери кои можат да им помогнат да привлечат поголемо внимание на корисниците. Меѓу новите наслови е „Super Mario Odyssey”,, која ќе биде објавена на 27-ми октомври. Се планира издавањето и на „The Elder Scrolls V: Skyrim“, која веќе е шест години, но и понатаму е многу популарна за превземање.

Освен тоа „Nintendo“ токму пушти надградба на софтверот на „Nintendo Switch“ која овозможува пренос на податоци помеѓу конзолни, вклучувајќи сочуван напредок во игрите. Компанијата ја додаде и можноста за преземање и споделување на видео клипови од одредени игри што може да ја зголеми возбудата околу нови наслови од висока класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП