26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ги претстави новите Cayman GTS и Boxster GTS (фото)

Porsche ги претстави новите Cayman GTS и Boxster GTS (фото)

Германскиот производител „Porsche“ официјално ги претстави новите „надуени“ модели „718 Cayman GTS“ и „718 Boxster GTS“, моделите за 2018-та година. Возилата добиле зголемена моќност и 6-брзински мануелен менувач.

И двата „GTS“-модели се опремени со 2.5-литарски бензински мотор со 4 цилиндри и турбо полнење. Моќноста на агрегатот е 365 КС, а тој може да се поврзе со 7-степен менувач „PDK“ или со 6-брзински мануелен менувач. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,1 секунди, а максималната брзина е 290 км/ч.

Претставник на „Porsche“ изјави дека двете машини биле дизајнирани да се возат со ентузијазам. Автомобилите добија нови предни браници и затемнети светла. Во задниот дел е поставен црн аеродинамичен дифузер и централно лоциран спортски издувен систем.

Моќните „Porsche Cayman GTS“ и „Porsche Boxster GTS“ се разликуваат по специјалните логоа и амблеми, како и 20-инчните бандажи. Во опремата на моделите влегуваат системот „Porsche Torque Vectoring“ (PTV) со механички заден диференцијал и систем „Porsche Active Suspension Management“ (PASM), благодарение на која клиренсот се намалува со 10 мм.

Во внатрешноста на автомобилот се спортски седишта, детали од алкантара кожа и лого на „GTS“. Нов е воланот на автомобилот, како и додатоците од опционалниот пакет „Sport Chrono“ пакет.

Двете машини веќе може да се нарачаат, а во Германија моделот „Porsche 718 Cayman GTS“ стартува од 76.137 евра. За возврат „Porsche 718 Boxster GTS“ чини минимум 78.160 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП