27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИБанка со најатрактивната кредитна понуда на пазарот Потрошувачки кредит со 5,9% фиксна...

УНИБанка со најатрактивната кредитна понуда на пазарот Потрошувачки кредит со 5,9% фиксна каматна стапка за првата година

unikaten_v3

УНИБанка АД Скопје настојувајќи да им излезе во пресрет на своите клиенти и на граѓаните, промовираше атрактивен кредитен продукт – Ненаменски потрошувачки денарски кредит со најниската каматна стапка 5,9% фиксна за првата година.

Износот за овој кредит е до 900.000 денари и рок на отплата до 10 години.

Кредитот е наменет за вработените во јавна администрација и акционерски друштва кои ја примаат платата во УНИБанка. Сите нови корисници на ненаменскиот потрошувачки кредит ќе добијат моментално најниската каматна стапка на пазарот од 5,9 отсто. Со овој чекор значително би се олеснило плаќањето на непредвидените трошоци, затворањето на постоечките финансиски обврски или пак едноставно би се задоволила потребата на граѓаните од готови пари. Процедурата е брза и едноставна, односно секое барање на клиентите се разгледува и одобрува во рок дo 3 работни дена.

Клиентите кои својата плата ја земаат преку друга Банка во моментот на аплицирање, имаат можност да достават барање за намалување на каматната стапка на исплатениот кредит, доколку ја пренесат својата плата во УНИБанка.

“Кредитите, со кои во изминатиот период ја проширувавме нашата палета на услуги наменети за граѓаните, се со исклучително ниски каматни стапки, заради што тие веднаш станаа атрактивни и барани од клиентите.  Следејќи ја побарувачката, продолжуваме со привлечните понуди, ставајќи го акцентот на ненаменскиот потрошувачки кредит со каматна стапка 5,9% фиксна за првата година, која моментално е најниска на пазарот за овој вид кредити, со истовремено поволни рокови за отплата. На овој начин им овозможивме за клиентите да одберат кредит со кој веруваме дека ќе излеземе во пресрет на нивните финансиски потреби и можности” изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП