27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВе избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

Ве избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

Без оглед на квалитетот на работата и позицијата во компанијата, постојат колеги кои ни се драги, со кои би можеле да пиеме кафе по работното време. Од друга страна, постојат оние – другите. Многу често за иритирачките и негативните реакции на поединци, виновни се стресот, несигурноста или изразената конкуренција. Понекогаш, некои карактери не се согласуваат. Сепак, постојат неколку лоши навики што секој од нас може да проба да ги избегне, доколку ги поседува.

„Ништо не стигнувам на време“. Тие се присутни во секоја компанија. Брзаа, трчаат, хистеризираат. Никој не сака да има ваков колега во својот тим, затоа што прават паника и обично не се многу продуктивни. Следниот пат кога ќе сакате да почнете да „драматизирате“, погледнете околу вас, многу веројатно е дека и останатите колеги имаат многу работа.

Паразитите. Овие се рак на компанијата. Сите сме многу чувствителни на нашата работа и нашето време. Кога ќе видите дека некој не прави ништо по цел ден, логично е да се запрашате: „Дали сум луд што работам?“ Ова прашање е почеток на крајот. Компанијата мора да воведе нулта-толеранција за неработниците со проверка на дневни, неделни и месечни активности.

Ненавремените. Можеби ова ќе биде шок за некои, но роковите се поставени со причина. Од управувачка перспектива, пропуштањето на роковите без објективни причини, мора да биде санкционирано од страна на надредениот. Бидете навремени и држете се до роковите, дури и ако поминете една или две ноќи без сон.

„Брзите“. Секој од нас понекогаш влетува на работа „главечки“ и по преземањето на дневните обврски, сфаќате дека немате шанси да постигнете сè навреме. Тука настапува „брзиот“. Тој ќе постигне сè, но по него ќе имате полни раце работа. Грешка во фактурата, погрешно испратена е-пошта… но чекајте, па тој направи сè што побаравте од него, зар не?

Неорганизираните. Неорганизираноста е водич до многу зла. Но, таа се лечи многу лесно, со таблици, програми и календари. Треба само да бидете упорни во нивното исполнување. Корисен совет – почнете го денот со најтешката задача, така се потоа ќе оди многу полесно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП