26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШах мат на Airbus, Boeing со свиткан опаш

Шах мат на Airbus, Boeing со свиткан опаш

Европскиот авиогигант „Airbus“ презема дел во проектот за производство на теснотрупни авиони од C-серијата, со што на Boeing му е зададен и тоа како голем удар.

Со овој потег „Bombardier“ доби силен сојузник во трговскиот спор со американскиот „Boeing“ кој јa шокираше како Канада, така и Британија.

Како што соопштија, „Airbus“ бесплатно преземал нешто малку повеќе од 50 проценти од уделот во компанијата која ги произведува и продава тие авиони.

Меѓутоа, „Airbus“ C-серијата сега ќе ја произведува во фабрика во Алабама, што значи дека нивната продажба на американскиoт пазар нема да биде оцаринета. А тоа е драматичен пресврт во спорот со Boeing.

Бидејќи, ако се сеќавате, на американскито производител му беше усвоена жалбата дека „Bombardier“ ги добива тие државни субвенции, па со тоа се нарушува пазарниот натпревар. Приговорот првенствено целеше на продажбата на Bombardier од 75 авиони од C-серијата на компанијата „Delta Airlines“.

Поради тоа американските власти воведоа царина на авионите на „Bombardier“ од дури 300 проценти. Така, се чини дека ова е шах мат на Airbas.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП