27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо вашето CV кажете го само најважното!

Во вашето CV кажете го само најважното!

Што да напишете во CV-то, а кои информации да ги изоставите, е дилема со која се соочува секој сериозен невработен кој секојдневно бара работа.

Секое CV и секој оглас за работа се специфични, па затоа и пријавата на огласот секогаш треба да ја прилагодите со условите на конкурсот.

Добро е да го следите правилото: наведувајте кратки и јасни информации за своите достигнувања.

Биографијата можете да ја составите без следниве работи:

Вашите очекувања

Што вие очекувате од работата е општо познато. Затоа во молбата за работа подобро истакнете ги своите основни квалификации и вештини.

Наградите и хобијата кои немаат врска со работата

Секогаш е пожелно да ги истакнувате признанијата кои сте ги примиле или хобито кое го имате, но хобито кое бара слични вештини како и вашата работа, секогаш ќе остави подобар впечаток од хобито кое нема врска со вашата работа.

Лош визуелен впечаток

Држете се до златното правило кое вели дека со едноставност не можете да погрешите. Одберете еден вид и големина на фонтот, нагласете ги само бившите работни позиции.

Опис на работата

Наместо да губите време во опишување на сите работни места каде што сте работеле, подобро објаснете како сте го работеле тоа и зошто било посебно корисно за вашите бивши работодавци и клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП