26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈагањац – втор стрелец во Лигата на шампионите

Јагањац – втор стрелец во Лигата на шампионите

Левиот бек на Металург, Халил Јагањац по пет одиграни кола во ракометната Лига на шампиони се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци.

Јагањац во саботата го предводеше Металург до триумфот во Русија над Чеховски Медведи (32:26) со девет постигнати голови.

19-годишниот лев бек во првите пет натпревари постигна вкупно 35 голови, или во просек постигнува по седум гола на натпревар. Дуелот во Русија е втор сезонава за Јагањац на кој постигнува девет голови.

Листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите ја предводи Зига Млакар од Целје со 36 голови, еден повеќе од Јагањац и од средниот бек на Веспрем Мате Лекаи.

Халил Јагањац во Металург пристигна во летниот преоден рок од ПСЖ, а поради добрите игри на почетокот на сезоната се најде на поширокиот список на селекторот на Хрватска, Лино Червар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП