27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за „чудовиштето“ на Mercedes - G500 4×4²

Крај за „чудовиштето“ на Mercedes – G500 4×4²

„Mercedes“ кон крајот на октомври ќе стави крај на производството на „G Сlasѕ“ на „стероиди“, моделот „G500 4×4²“, кој во Германија се продава по неверојатна цена од дури 230.000 eвра.

Овој ултимативен, луксузен теренец има зајакната шасија со плочи од нерѓосувачки челик, со цел да се заштити долниот дел од возилото.

Благодарение на специјалните 22 инчни „off-road“ гуми, за него практично не постои препрека при теренско возење, а погонот се обезбедува од 4.0 литарскиот би-турбо V8 мотор со 422 ks (310 kW).

„Mercedes G500 4×4²“ има специјална суспензија со системот на двојни пружнини и амортизери на секое тркало – од каде е и „квадратот“ во името на возилото.

Врвните теренски перформанси се овозможени благодарение на растојанието од земја кое изнесува дури 45 cm, што е 21 cm повеќе отколку кај стандардната „G Сlasѕ“.

Максималниот дозволен нападен агол при преминување на препреки е 52 степени, а при симнување овој агол изнесува 54 степени. Масата на автомобилот е околу 3 тони.

Првиот примерок на „Mercedes G500 4×4²“ пристигна во продажните салони во декември 2015-та година, а компанијата се одлучи за сериско производство, откако предпродукциската верзија предизвика голем интерес на саемот во Женева во март истата година.

Крајот на производството на овој модел не е некое големо изненадување, со оглед дека „Mercedes“ наскоро ќе ја претстави новата генерација на „G Сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП