26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите паметни телефони во 2017-та година

Најдобрите паметни телефони во 2017-та година

Експертите ги идентификуваа најдобрите паметни телефони во оваа година.

И покрај хистеријата околу последната презентација на „Apple“, моделите на „iPhone“ не освоија ниту една номинација.

„TechRadar Edition“ ги номинираше луреатите на 17-тата церемнонија на „Mobile Choice Consumer Awards“.

Експертите посочија кои се најдобрите смартфони и уреди за 2017-та година. Ви предлагаме да погледнете на листата на победници.

Најдобар паметен телефон за 2017-та: Samsung Galaxy S8

Предводникот на „Samsung“ ги претекна конкурентите од „Apple“, „Huawei“, „LG“, „Google“, „Sony“, „Motorola“, „Nokia“ и „OnePlus“. Експертите дури го дефинираат како „паметен телефон“ на иднината, истакнувајќи дека овој уред нема слабости.

Неговата камера дури станала лауреат во категоријата „Најдобра камера“.

Најдобар паметен телефон од средна класа: Huawei Honor 9

Во категоријата уред до 300 долари експертите го прогласија за победник смартфонот на кинеската компанија „Huawei“. Судиите, исто така, забележаа извонреден дизајн, висока продуктивност и достапност.

Најдобар паметен телефон во евтиниот ценовен сегмент: Мото E4

Меѓу најевтините смартфони со цена до 150 долари за триумфот се натпреваруваа „Honor 5C“, „Nokia 3310“, „Samsung Galaxy J3“, „Sony Xperia XA“, „Vodafone Smart N8“ и „Moto E4“, а последниот стана победник.

Пред сè, експертите се восхитуваат на односот цена и перформанси.

Конечно, по паметните часовници, експертите за прв пат го поставија „Apple Watch Series 2“, во категоријата „Фитнес“ победувајќи ја нараквицата „Fitbit Charge“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП