26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖените се помалку задоволни на менаџерските позиции од мажите, а причината ќе...

Жените се помалку задоволни на менаџерските позиции од мажите, а причината ќе ве изненади

Статистичките податоци покажаа дека на менаџерските позиции помал е бројот на жените и тоа не е новост. Новото истражување на американските научници го нуди можното објаснување.

Резултатите од анкетата спроведена на 3.200 германски менаџери покажа дека жените без деца меѓу 35 и 45 години се понесреќни од својот живот од нивните колешки и колеги кои имаат потомство.

Авторите на струдијата, чии резултати се објавени во магазинот „Harvard Business Magazine“ објаснија дека тие упатуваат на тоа дека бројни жени во наведениот животен период веруваат дека мораат да избираат меѓу децата и акриерата.

Периодот од 35 до 45 години од животот е она кога најчесто се остваруваат успешните менаџерски кариери, а истовремно бројни жени се загрижени за потомството бидејќи се свесни дека им отчукува биолошкиот часовник.

Авторите на студијата, сепак, семтаат дека поблагото незадоволство кај менаџерките би можело финансиски да се надомести.

„За да се постигне поголема еднаквост на менаџерските положби, платите на жените треба значително да пораснат“, заклучуваат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП