26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla го укинува најевтиниот Model S, да не го загрози Model 3

Tesla го укинува најевтиниот Model S, да не го загрози Model 3

Неодамна по претставувањето на попристапниот „Model 3“, првиот човек на „Teslа“, Илон Маск, најави дека понудата на „Model S“ ќе претрпи одредени измени. Како што пишува „Electrek“, појавувањето на евтината „тројка“ го забрза укинувањето на „Model S 75“, како последна верзија на овој автомобил со заден погон и еден електромотор.

„Model S 75“ во САД чини од 69.500 долари, додека почетната цена на „Model 3“ е 35.000 долари. Сепак, се очекува дека многу купувачи на „тројката“ ќе се одлучат за дополнителни опции, со што и цената на автомобилот расте и се доближува до основниот „S 75“.

Со укинувањето на „Model S 75“, „Model 3“ ќе остане најевтината „Tesla“ која за погон користи само еден електромотор, со оглед дека сите други автомобили кои излегуваат од погоните на овој производител имаат два агрегати на струја, а со тоа и погон на сите 4 тркала.

По 24-ти септември, најевтиниот „Tesla S“ ќе биде моделот „75D“, кој исто така има батерија со капацитет од 75 kWh, но и два мотори, и фабрички декларирана автономија во возењето од 417 km. Неговата цена во САД моментално изнесува 74.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП