27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ: Во Црвена звезда ќе ја играм мојата последна сезона

Антиќ: Во Црвена звезда ќе ја играм мојата последна сезона

Перо Антиќ неодамна наполни 35 години и се врати во омилениот клуб чиј дрес го носеше пред една деценија, потпиша едногодишен договор, а во разговор за „Спортклуб“ откри дека претстојната сезона веројатно ќе биде последна во неговата кариера.

„Сега сум 12 години постар во однос на првото мое доаѓање во Црвена звезда. Преубаво е повторно да се биде во саканиот клуб, мислам дека ова ќе биде последна сезона во мојата кариера, баш како што посакав да ја завршам во Црвена звезда. Во однос на мојот прв престој тука, клубот се издигна на сите можни нивоа и се надевам дека ние ќе ги продолжиме успешните резултати“, рекол Антиќ.

Крилниот центар уште еднаш потврди дека одбил неколку финансиски побогати понуди само за повторно да го облече дресот на Црвена звезда.

„Навистина е така, инсистирав да дојдам и се откажав од дел од договорот. Но, не е сѐ во парите. Сакам кариерата да ја завршам онака како што треба, во клуб во кој сум опуштен и играм за навивачите, а и блиску сум до дома“, изјавил Антиќ за „Спортклуб“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП