Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Светска премиера на новиот Skoda KAROQ

Време: 12:21

Датум: септември 12, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

Чешкиот бренд ќе го претстави новиот Skoda Karoq на саемот за автомобили во Франкфурт. За прв пат во своите возила, Skoda го опремува Karoq со дигитална потполно персонализирана инструмент табла според потребите на возачот. Овој SUV исто така доаѓа и со LTE интернет модул и Skoda Connect. Емотивниот и динамичен дизајн со уникатни карактеристики го претставува новиот дизајнерскиот јазик на брендот.

Компактниот SUV е долг 4382 mm, 1841 mm широк и 1605 mm висок. Долгото меѓуоскино растојание од 2638 mm гарантира многу простор за патниците. Багажниот простор е со волумен од 521 литар. Skoda инкорпорираше неколку „Simply Clever“ идеи во новиот компактен SUV, вклучувајќи ја вирутелната педала, со која се отвора багажната врата без употреба на рацете, како и опционалните VarioFlex задни седишта. Како комбинација на VarioFlex задните седишта, багажниот простор добива на флескибилност од 479 до 588 литри. VarioFlex системот е составен од три одделни задни седишта кои можат индивидуално да бидат поместувани или потполно отстранети, при што компактниот SUV би располагал со максимален багажен простор од 1810 литри.

Skoda Karoq е најдигитализираното возило во програмата на Skoda. За прв пат, Skoda нуди дигитална инструмент табла која се персонализира според преференциите на возачот. Дисплејот може да се подесува исто како и инфо-забавниот систем со кој е поврзан. Екстензивната и постојана конективност на возилото овозможува удобно и безбедно возење за возачот и патниците. Сите решенија за конекцијата служат за да се подобри протокот на информации, да се зголеми забавата и да се гарантира безбедноста. Skoda Karoq го нуди најновиот инфо-забавен систем. Дисплејот на допир го содржи карактеристичниот Skoda стаклен дизајн. Патниците во Skoda Karoq се секогаш online благодарение на LTE модулот и WLAN hotspot, на кои сите патници може да се поврзат.

Новите online услуги на Skoda Connect се поделени во две категории: инфо-забавни online услуги кои даваат информации и навигација; Care Connect услугите кои нудат помош во итни случаи. На пример, услугата за итен повик автоматски бара помош во службите за итна помош во случај на незгода. Дополнителни online услуги кои се достапни со Skoda Connect апликацијата, овозможуваат проверка и конфигурирање на возилото преку вашиот smartphone.

Интелигентното вмрежување помеѓу автомобилот и паметниот телефон достигнува ново ниво во Skoda Karoq. Телефонската кутија со индуктивно полнење го поврзува паметниот телефон со антената на кровот и безжично го полни.

Skoda Karoq, исто така нуди и нови системи за асистирање на возачот. Системот за асистирање при паркирање (Park Assist), системот за одржување на коловозна лента (Lane Assist) и системот за асистирање во сообраќаен метеж (Traffic Jam Assist) го прават возењето исклучително смирено и удобно. Системот за детектирање на возило во слепа точка (Blind Spot Detect), системот за предно асистирање (Front Assist) заедно со системот за заштита на пешаци (Pedestrian Protection) и системот за итно сопирање (Emergency Assist) ја зголемуваат безбедноста на патот. Компактниот SUV нуди систем за осветлување со full-LED предни и задни светла, како и амбиентално осветлување во ентериерот.

Четири варијанти на мотори се достапни, вклучувајќи два бензински и два дизел мотори со моќност од 115КС и 150 КС. Двата бензински мотори и два од дизелските се дел од новата програма. Моторите 1.0 TSI и 1.6 TDI се достапни само со мануелен менувач, а изведбата на 2.0 TDI e достапен со мануелен како и со автоматски DSG менувач. За прв пат во моделите на Skoda достапен е и 1.5 TSI мотор со автоматски DSG менувач кој располага со деактивација на цилиндрите за максимална ефикасност на работењето.

Шасијата на Skoda Karoq поставува нови стандарди во својот сегмент, демонстрирајќи го својот квалитет и на лошите патишта. Возачки профили кои се достапни на возачот се Normal, Sport, Eco, Individual и Snow (4×4).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Следнaта Mazda 6 ќе има погон на задните тркала

    Следнaта Mazda 6 ќе има погон на задните тркала

    Следната генерација на „Mazda 6“, која ќе биде пуштена во 2019-та или 2020-та година, ќе биде изградена на платформа со погон на задните тркала. Тоа…

  • Tesla го укинува најевтиниот Model S, да не го загрози Model 3

    Tesla го укинува најевтиниот Model S, да не го загрози Model 3

    Неодамна по претставувањето на попристапниот „Model 3“, првиот човек на „Teslа“, Илон Маск, најави дека понудата на „Model S“ ќе претрпи одредени измени. Како што…

  • Враќање на RS иконата: Новото Audi RS 4 Avant (фото+видео)

    Враќање на RS иконата: Новото Audi RS 4 Avant (фото+видео)

    Audi Sport ја прославува светската премиера на нивото Audi RS 4 Avant на Интернационалното Мотор Шоу во Франкфурт. Комбинација од високи перформанси и секојдневна употребливост.…

  • Во 2025-та година електрични возила ќе чинат колку обичните автомобили

    Во 2025-та година електрични возила ќе чинат колку обичните автомобили

    Финансиската компанија „Morgan Stanley“ е храбра во прогнозата за тоа како ќе поевтинуваат електрични возила, па според експертите на компанијата во 2025-та година цените на…

  • Го претставија најмалиот кросовер на Volvo (фото+видео)

    Го претставија најмалиот кросовер на Volvo (фото+видео)

    Компанијата „Volvo“ официјално го претстави најмалиот кросовер – „XC40“, кој ќе мора да се натпреварува за клиенти со „BMW X1“ и „Audi Q3“. Премиерата на…

  • Mercedes-Benz продава модел кој ќе биде готов за 2 години

    Mercedes-Benz продава модел кој ќе биде готов за 2 години

    Примерот на „Tesla“ на некој начин е „заразен“. Компанијата на Илон Маск почна да прима нарачки за својот нов „Model 3“ пред да биде завршен…

  • Lamborghini Aventador S Roadster зa 2018-та (фото+видео)

    Lamborghini Aventador S Roadster зa 2018-та (фото+видео)

    „Lamborghini“ на франкфуртскиот авто-саем ја претстави редизајнираната верзија на „Aventador“ со отворен покрив. По минатогодишниот редизајн на „Aventador Coupe“, кој тогаш ја доби ознаката „S“,…

  • Јапонскиот производител направи 150 милиони автомобили!

    Јапонскиот производител направи 150 милиони автомобили!

    Во август „Volkswagen“ објави дека од производните ленти на оваа компанија од производните ленти слегоа 150 милиони автомобил, а само еден месец дена подоцна, истиот…

  • Bentley се откажа да прави електричен кросовер

    Bentley се откажа да прави електричен кросовер

    „Bentley“ ги отфрли плановите за лансирање целосно електричен кросовер. Ова го најави извршниот директор на компанијата за луксузни автомобили, Волфганг Дирхајмер. Во последниве месеци, британскиот…

  • Alfa Romeo го одложи својот следен голем модел

    Alfa Romeo го одложи својот следен голем модел

    Следниот модел на „Alfa Romeo“, седанот кој ќе биде поголем од „Giulia“, ќе биде одложен до 2021-та година, објави „Automotive News“. Неговото деби ќе биде…