27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДуда Ивковиќ прв тренер со признанието „Легенда на Евролигата“ (видео)

Дуда Ивковиќ прв тренер со признанието „Легенда на Евролигата“ (видео)

Српскиот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ по завршувањето на професионалната кариера долга речиси 50 години доби големо признание од Евролигата.

Ивковиќ е првиот тренер кој стана „Кошаркарска легенда на Евролигата“. Ова признание досега беше резервирано само за кошаркари, а го добија: Тео Папалукас, Хуан Карлос Наваро, Димитрис Дијамантидис, Мирсад Турџкан, Рамунас Шишкаускас и Шарунас Јасикевичиус.

Признанието Ивковиќ ќе го добие на 20 септември на натпреварот кој во негова чест ќе го организраат Евролигата и Олимпијакос. Грчкиот тим ќе игра против тимот „Душан Ивковиќ стар“.

Олимпијакос со овој натпревар сака да му се заблагодари на тренерот кој на клубот му донесе две од трите титули во Евролигата.

Десетина дена по натпреварот, Ивковиќ на свечена церемонија во Женева ќе биде примен во „Куќата на славните“ на Светската кошаркарска организација, ФИБА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП