26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција е во рецесија

Франција е во рецесија

francija3

Франција влезе во рецесија откако во првиот квартал од тековната година забележа пад на бруто домашниот производ (БДП) за 0,2 проценти, објави францускиот Институт за статистика и економски истражувања.

Технички, Франција е во рецесија бидејќи нејзиниот БДП опадна во текот на последните два последователни картали, се наведува во соопштението, пренесуваат француските медиуми.

Француската влада, сепак, jа потврди прогнозата за раст од 0,1 проценти во 2013 година, и покрај негативните резултати во првиот квартал, очекувајќи позитивен пресврт во втората половина од годината.

Странските медиуми потсетуваат дека и куповната моќ на француските домаќинства во 2012 година забележа рекорден пад од 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП