19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Portofino е новото најслабо Ferrari (фото)

Премиера: Portofino е новото најслабо Ferrari (фото)

Производителот од Маранело претстави замена за моделот „California T“. Покрај новото име, пристигнува и поразличен дизајн и помоќен мотор.

„Ferrari Portofino“ го испрати во пензија актуелниот „Ferrari California T“ кој на пазарот е веќе три години, и ја зазема позицијата на нов основен модел во гамата на италијанскиот производител.

Дизајнерски, новиот модел е инспириран од стилските елементи на моќните машини на „Ferrari“, како што се „812 Superfast“ и „GTC4Lusso“, a како и „California T“, „Portofino“ е стандардно опремен со тврд покрив на расклопување.

Во кабината затекнуваме ист волан како кај „812 Superfast“ и „GTC4Lusso“, додека мултимедијалниот систем со широк екран исто така е превземен од вториот модел.

Под хаубата се наоѓа 3.9-литарски „twin-turbo V8“ кој е наследен од „Californije T“. Меѓутоа, во „Portofinо“ овој мотор испорачува 600 ks (441 kW), oдносно 40 „коња“ повеќе во однос на претходникот. Максималната моќ на располагање при 7.500 вртежи.

Новиот „Ferrari“ развива 760 Nm максимален вртежен момент веќе од 3.000 o/min, што е само 5 Nm повеќе отколку кај моделот кој го менува.

Aвтомобилот oд 0 дo 100 km/h забрзува зa 3,5 секунди, пред да ги достигне максималните 320 km/h.

Првото појавување на „Ferrari Portofino“ пред публика ќе биде закажано за септември и авто-саемот во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП