27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали знаете колку чини "гуглање" на iPhone?

Дали знаете колку чини “гуглање” на iPhone?

Google плаќа на Apple дури 3 милијарди долари годишно за нивниот пребарувач да биде примарен на IOS уредите.

Аналитичарите проценуваат дека Google плаќа годишно на Apple околу 3 милијарди долари за својот пребарувач да биде на врвот на сите корисници на iOS.

Според истите податоци, во 2014 година износот бил “само” една милијарда долари, сепак, интернет сообраќајот оттогаш значително се зголеми, па со него и Apple-овиот надомест за “гуглање”.

Од оваа соработка несомнено и двете компании имаат корист. Инвестирањето на Google од 3 милијарди долари годишно всушност го купува сообраќајот на сите корисници на iOS и го проследува до себе , и на сите сопственици на iPhone-и iPad има можност да им се дистрибуираат нивните реклами од кои тој живее. Според некои податоци, околу половина од целиот интернет сообраќај на Google е генериран преку мобилните уреди на iOS, па оваа инвестиција на Google и те како се исплати.

Од друга страна, Apple нема никаков трошок за поставување на Google како основен пребарувач, и тие 3 милијарди долари се чиста добивка – што имплицира дека со овој договор Apple генерира околу 5% од нивната годишна заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП