27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го совлада Тотенхем (видео)

Челзи го совлада Тотенхем (видео)

Фудбалерите на Челзи го совладаа Тотенхем со 2:1 во дерби натпреварот одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата. Натпреварот ќе биде запишан во аналите на англискиот фудбал, бидејќи е првиот кој во рамките на Премиер лигата е одигран на „Вембли“. Тотенхем поради реновирање на „Вајт Харт Лејн“ сезонава е домаќин на „Вембли“.

Тотенхем беше подобар противник, две третини од времето го имаше поседот на топката, имаше повеќе шанси, Кејн го погоди и дирекот, но Марос Алонсо и голманот Тибо Куртоа не им дозволија на Спарси да победат.

Алонсо го постигна првиот гол од слободен удар во 24.минута, израмни Батушуаи со автогол во 83.минута, а на две минути пред крајот Алонсо со голема помош на Љорис го постави конечниот резултат.

По две кола двата тима имаат победа и пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП