26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 19-20.08.2017

Викенд хороскоп 19-20.08.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат некои промени на работното место, од вас зависи како ќе ги прифатите. Со саканото лице имате добар однос, уживате во моментите поминати заедно.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува прилика да реализирате важна деловна соработка со лице кое го познавате од минатото. Не ги потиснувајте своите чувства. Обидете се да се отворите во комуникацијата со саканото лице.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби дошло време да се позанимавате со проблеми кои едно време прилично сте ги избегнувале. Во љубовта ве очекува поволна ситуација на полето за љубов, едноставно ќе уживате.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Моментот не е поволен за големи промени, лесно би можеле да направите некоја грешка на ова поле. Во љубовта многу сте и посветени на саканата личност и она целосно ви верува, односот ќе ви биде прекрасен.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се ближите кон остварување на целта на која сте и биле посветени. Задоволни сте бидејќи гледате дека трудот не бил залуден. Во љубовта променливи сте, па саканото лице не знае дали може да се потпре на вас.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Помошта од страна на вашите соработници ви доаѓа во вистинско време. Нема потреба да се грижите за доловните проблеми. Ќе успеете да оставите убав впечаток на лицето со кое флертувате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Отворено покажувате незадоволство на овој план. Можно е да ви следи промена на работното место. Во љубовниот однос ќе делувате премногу доминантно.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Избегнувајте трошоци во текот на денешниот ден бидејќи подоцна може да се покаете доколку претерате. Во љубовта ќе бидете склони на љубоморни испади.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате прилично опуштена атмосфера на полето за работа бидејќи нема да имате премногу важни обврски. На љубовното поле се оди онака како што сте планирале.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се случуваат разни промени кога станува збор за вашата работа, но тоа не ве плаши ниту најмалку. Верувате во позитивниот исход. Доколку сте во врска, со саканото лице ќе имате многу убави интимни моменти.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува прилика да дојдете до подобра заработка, па секако треба да ја искористите и да и се посветите на работата. Во љубовта ви следат возбудливи случувања, кои дури и ќе ве изненадат.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Концентрацијата ви е малку намалена, па можно е често да правите грешки на деловен план. Пробајте да се сконцентрирате. Можни се мали проблеми во комуникацијата со саканото лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП