26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ја одби и третата понуда од 125 милиони евра за Кутињо

Ливерпул ја одби и третата понуда од 125 милиони евра за Кутињо

Фудбалскиот клуб Ливерпул ја одбил и третата понуда од Барселона за Фелипе Кутињо „тешка“ 125 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Барселона очајнички се обидува да најде замена за Нејмар, кој за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Изборот е Бразилецот, но Ливерпул, нема намера да го продаде.

Кутињо (25), наводно ги договорил личните услови со Барселона, преку електронска пошта побарал од клубот да биде продаден, но Ливерпул ја одби и оваа понуда.

Бразилскиот репрезентативец се опоравува од повредата на грбот и не настапи на последните две средби за клубот од „Енфилд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП