27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати за периодот јануари -...

ТТК Банка АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати за периодот јануари – јуни 2017 година

Во периодот јануари – јуни 2017 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 35,7 милиони денари и со тоа реализираше значително повисок финансиски резултат во однос на истиот период минатата година кога истиот изнесуваше 8,8 милиони денари.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето. Остварените нето-приходи од камати во првото полугодие од 2017 година забележуваат 100% реализација на Буџетот, односно целосно се во согласност со планираното ниво на нето- приходи од камати за овој период. На годишно ниво, зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва резултира со зголемени приходи од камати, но истовремено порастот на депозитите влијае и на повисоки расходи за камати. Пониското ниво на исправката на приходот од камата, во однос на минатата година, дополнително влијае на нивото на нето-приходите од камата да забележи надолна промена од 4,7% во однос на истиот период минатата година.

Континуираната понуда на кредитни производи со конкурентни и атрактивни услови, зајакнување на кредитната активност споредено со истиот период лани, како и доброто управување со трошоците влијаеа позитивно на реализацијата на планираното ниво, односно нето приходи од провизии и надоместоци за услуги го надминуваат планот со степен на негова реализација од 101%. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во првото полугодие од годината изнесуваат 62,2 милиони денари. Најголем придонес во структурата на оваа позиција имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата и во странство за правни и физички лица, но исто така и од генерираните провизии од сегментот кредитирање.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 4,8 милиони денари и во однос на минатата година се задржуваат на исто ниво. Остварувањето го надминува планот со 108% реализација.

Во текот на првото полугодие од 2017 година, Банката реализираше продажба на дел од преземениот имот при што оствари капитални добивки како и наплата на претходно отпишани побарувања. Ефектите од овие настани се одразија на позицијата останати приходи од работењето на Банката, којашто изнесува 43,1 милиони денари. Степенот на исполнување на планот е 168%.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 161,1 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се повисоки за 3,9%, како резултат на зголемен обем на активности. Повисоки трошоци се забележуваат на трошоците за вработени, материјали и услуги, како и на трошоците за амортизација. Степенот на исполнување на планот е 98%.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со месец јуни 2017 година, евидентирана е загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 10,5 милиони денари, што е за 63,3% пониско оштетување во однос на минатата година. Подобрувањето на споменатата позиција се должи на континуирани напори за продажба на преземените средства.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во анализираниот период изнесува 30,7 милиони денари и издвоените исправки на вредност соодвествуваат со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП