27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе отвори нов центар во Бристол и ќе создаде 1.000 работни...

Amazon ќе отвори нов центар во Бристол и ќе создаде 1.000 работни места

Гигантот во онлајн трговија „Amazon.com“ соопшти дека следната година ќе создаде над 1.000 работни места, кога ќе се отвори дистрибутивен центар во Бристол, југозападна Англија, задржувајќи ги инвестициските намери во Велика Британија, јави „Ројтерс“.

Во моментов „Amazon“ има 13 центри за дистрибуција и исполнување на нарачки во Велика Британија.

Компанијата појасни дека работните места во Бристол се прилог на 5.000-те работни места, кои компанијата ги создава оваа година, а општо вработените на „Amazon“ во Велика Британија ќе бројат 24.000 на крајот на 2017-та година.

„Amazon“, кој инвестира 6,4 милијарди фунти (8,3 милијарди долари) во Велика Британија од 2010-та година, изјави минатиот месец дека нема проблеми да вработува персонал во Велика Британија и покрај „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП