27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗнаци кои покажуваат дека сте премногу исцрпени од работа

Знаци кои покажуваат дека сте премногу исцрпени од работа

Кога говориме за претерано работење (т.н. burnout синдрoм) состојба на хроничен стрес која води до целосно исцрпување, најчесто мислиме на некој кој зад себе има и долг работен стаж.

Меѓутоа, според експертите, често доаѓа до исцрпување и на почетокот на кариерата бидејќи живееме во време на глобална економија. Тоа значи работа без одредено работно време, контакти со соработниците ширум светот, непрегледана листа од мејлови, повици, постојани барања од работодавецот, мултитаскинг…

Без оглед дали сте на почетокот или средината од вашата кариера, проверете дали сте на пат да изгорите од работа…

1. Не станувате веднаш штом ви ѕвони алармот , туку постојано го одложувате станувањето.

2. Исцрпени сте после работата толку што не можете да правите ништо (да готвите, да се дружите, да му се посветите на семејството)

3. Хроничен недостаток на сон.

4. Се чувствувате слободни во петок попладне.

5. Својата работа ја опишувате со зборовите „не е лоша“. Или со некоја кратка фраза. Не сакате да им опишете на пријателите што точно работите.

6. Не поминувате време со своите пријатели, незаинтересирани сте за дружење со нив.

7. Стравувате од понеделник и генерално лошо се чувствувате кога ќе помислите на почетокот на работната недела.

8. Мечтаете за отказ

9. Постојано се чувствувате пренатрупани

10. Цинични сте

11. Имате чести иливи на бес

12. Го давите својот партнер со приказни од работното место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП