1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција после 51 година ги врати долговите кон ММФ

Турција после 51 година ги врати долговите кон ММФ

turcija4

Турција денес ја изврши уплатата на последната транша од долговите кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Од неодамна, Турција стана земја која не бара тука дава позајмици.

Последната рата од 51-годишниот долг во износ од 421 милијарда долари, задолжување во рамките на стенд-бај аранжманот со ММФ,  беше исплатена денес. За цела Турција тоа е многу популарна тема, особено поради тоа што рецесијата завладеа во остатокот од светот.

Првиот стенд-бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд, Турција го склучи во 1961 година. По првиот, Турција на неколку години потпишуваше нови стенд-бај аранжмани, а последниот, деветнаесетиот по ред, го склучи во 2005 година.

Долгот кој во 2002 година изнесуваше 23,5 милијарди долари денес е подмирен, пренесуваат медиумите од Турција.

Покрај тоа што Турција си ги подмири долговите, таа започна и да дава заеми за земјите. Освен што обезбеди средства од пет милијарди долари за потребите на ММФ, Турција стана и земја која повеќе не бара, туку дава помош. Тркалото се сврте, сега ММФ и должи пари на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП