27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини како да ја унапредите вашата кариера

Неколку начини како да ја унапредите вашата кариера

Пред да почнете со тактизирање како да ја раздвижите вашата кариера од мртва точка и да ја доведете до правиот пат, верувале или не, не е толку важно што работите туку што другите мислат дека сте сработеле.

Имено, вашите надредени се фокусирани на својата работа и тоа е нивната главна грижа. Морате да пронајдете начин сите да видат колку сте добри.

Џефри Фајфер, професор на универзитетот Стенфорд, истакнува дека доколку сакате кариера морате да ги преземете следниве три чекори:

Фалете ги колегите, очекувајте „возвратен удар“

Малиот трик базиран на реципроцитетот секогаш функционирал – фалете ја работата на колегите, јавно истакнувајте колку добро си ја вршат работата, а тие вам ќе ви возвратат. Кога ќе почне да се зборува за вас во ваков позитивен контекст, вашата работа ќе го добие заслуженото внимание.

Градете ја сликата за себе

Ако сакате да ве доживуваат како дружељубиви, духовити, отворени и комуникативни, тогаш така и однесувајте се, градете таква слика за себе.

Пружете си себеси нова шанса

Ако не ви оди со првите две стратегии, дајте си себеси нова шанса и обезбедете ново работно опкружување. Променете ја компанијата ако не сте задоволни од имиџот кој ве следи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП