1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpotify дебитира во Xbox One

Spotify дебитира во Xbox One

„Microsoft“ и „Spotify“ ги здружија силите за да им овозможат на корисниците на конзолата „Xbox One“ да проследува музика додека играат игри, пишува „CNN Money“.

Двете компании објавија дека гејмерите сега можат да пуштаат песни од „Spotify“ директно од своите конзоли.

Во пост на својот блог на стриминг услугата Мајкл Ериксон, продукт директор на „Spotify“, коментира дека корисниците на „Xbox“ одамна сакаат да им биде дадена можност да си креираат плејлисти во „Spotify“, на чија позадина ќе играат.

Корисниците на „Spotify“ можат да ја превземат апликацијата од продавницата на „Xbox One“ и да ја контролираат музиката од други уреди, за да избегнат прекини на играта. Стриминг услугата исто така има подготвено и специјална колекција од „саундтраки“ на игри.

„Spotify“ се приклучува кон редица други услуги, како „Netflix“, „Hulu“, „HBO“ и „Pandora“ кои веќе се достапни за „Xbox One“.

Рич Гринфилд, аналитичар од „BTIG Research“, тврди дека потегот е начин „Spotify“ да ги извршуваат своите амбиции во областа на видео содржините.

„Spotify нема да биде само за музика“, коментира тој. „Таа троши повеќе и фокусира повеќе напори во видеото“.

Во последните неколку години „Spotify“ создаде неколку оригинални видео серијали, кои можат да бидат видени во стриминг платформата.

Истовремено трансакцијата е важна и за „Microsoft“.

„„Microsoft“ сака да поминувате повеќе време на вашиот „Xbox““, посочува Гринфилд. „Сето ова е поврзано со желбата да се остане во нивниот екосистем“.

„Microsoft“ објави партнерството со „Spotify“ уште во мај, наведувајќи дека музичката стриминг апликација ќе се појави во „Windows Store“ во текот на летото. Сега таа може да биде симната од корисниците на „Windwos 10“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП