26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW подготвува револуција во производството

BMW подготвува револуција во производството

Германскиот производител „BMW“ објави дека ќе започне да произведува три различни вида автомобили – со стандардни мотори со внатрешно согорување, хибриди и електрични во еден погон.

Новата стратегија на компанијата беше откриена од еден од членовите на Одборот на директори Оливер Ципс. Тој беше категоричен дека тоа не само што ќе ги намали трошоците за производство, но и ќе овозможи побрза реакција при побарувачка за даден модел.

„Стратегијата на иднината предвидува интеграција на сите видови автомобили кои ги нудиме. На овој начин ќе можете да видите на производната лента возило со дизел мотор, а по него да доаѓа електричен автомобил. Според нас, ова е единствениот начин како да се намалат трошоците, така и за брза реакција во интерес на клиентите“, објасни Ципс.

Се уште не е јасно кога ќе почне да работи новата организација на производствениот процес. Според изданието „Motor1“, првиот автомобили, кој ќе биде поставен на лентата за производство на принципот „три во едно“ ќе биде „BMW X3“. Баварците веќе потврдија дека кросоверот ќе добие хибридна и електрична верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП