27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan подготвува кросовер на база на Leaf

Nissan подготвува кросовер на база на Leaf

Компанијата „Nissan“ ќе ја користи платформата на втората генерација на хечбекот „Leaf“ и за други електрични модели. Еден од нив веќе се развива – тоа е кросовер на струја, соопштува весникот „Autocar“.

Се очекува „SUV“-моделот да го добие името „Terra“ кое Јапонците веќе го патентиранаа. Уште во 2012-та година „Nissan“ покажа прототип со ова име, тој ги користеше електромоторите од првиот „Leaf“ на предната оска и водороден агрегат, кој за возврат ги напојува двата електромотори на задните тркала.

Сериската верзија на кросоверот „Terra“ ќе биде опремена со електричен мотор и батерии на новиот „Leaf“, што ќе овозможи остварување на километража од 550 километри со едно полнење. Бидејќи платформата на новиот „Leaf“ обезбедува поставување на втор електромотор на задната оска, тогаш новиот „SUV“ на „Nissan“ ќе биде со погон на сите четири тркала.

Роковите за појавувањето на „Terra“ засега не се откриваат, но според информациите кросоверот ќе биде готов до 2020-та година. Цената на моделот ќе биде од околу 45.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП