26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако на пристоен начин да одбиете деловна понуда?

Како на пристоен начин да одбиете деловна понуда?

За жал, постојат луѓе кои мислат дека игнорирањето на мејловите или повиците е сосема нормален начин за отфрлање на некоја понуда.

Постојат среќници кои се во можност и да одбијат понекогаш деловна понуда. Ако и вие сте меѓу нив, ова се работите кои морате да ги знаете пред да го направите тоа?

1. Морате да бидете искрени, но и пристојни

Ако сте одбиле некоја понуда врз основа на некоја причина, која работодавецот и компанијаа ги прикажале во лошо светло, нема потреба да бидете брутално искрени и на тој начин да создадете слика на непистојна личност. Причината е многу едноставна: никогаш не знаете кога ќе наидете на тие исти луѓе во иднина.

2. Бидете одлучни

Одбивањето на понудата за работа е една од оние одлуки околу кои нема да можете да го промените мислењето ниту ден подоцна, а ниту пак уште подоцна. Според тоа, добро разгледајте ги сите позитивни и негативни страни, а потоа донесете конечна одлука. Дури и ако работодавецот се предомисли па се одлучи да ве вработи, по почетното одбивање, тоа може да остави горчлив вкус во неговата уста, а со новиот работодавец морате да започнете добро.

3. Направете го тоа што побрзо

Објаснувањето истотака е многу едноставно: На нив им е потребен кандидат што поскоро. Ако тоа не бидете вие, тогаш компанијата мора брзо да најде некој друг. Затоа немојте да си го намалувате угледот во деловното светло, со давањето на лажна надеж.

4. Известете ги

За жал, постојат луѓе кои мислат дека игнорирањето на мејловите или повиците е сосема нормален начин за отфрлање на некоја понуда. Не, тоа е пред се непрофесионално однесување, строго забрането во деловниот свет. Преземете иницијатива и подигнете ја слушалката или напишете мејл, со одбивање на понудата со почитување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП