26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG е незадоволна од продажбата на моделот G6

LG е незадоволна од продажбата на моделот G6

Компанијата „LG“ објави дека не се задоволни од продажбата на својот „G6“ модел на смартфон.

„LG Electronics“ оваа година заработи 588 милиони долари, но наведува дека изненадувачки момент им претставува „послабата продажба од очекуваната на премиум смартфонот и поскапувањето на неговите компоненти“.

Во претходниот период, продажбата на „LG“ телефоните порасна и за 10 отсто, а само од моделот „G6“ заработиле 14,8 милиони долари. Всушност, продажбата на мобилни телефони забележа раст во одност на истиот период од 2016-та година кога забележаа загуба од 132 милиони долари.

Сепак, моделот „G6“ не ги задоволи финансиските очекувања.

Од друга страна, „LG“ вложува голема надеж во новата „Q“ серија на паметни телефони која ќе биде достапна во средната класа и сметаат дека токму тоа ќе го оживее нивниот бизнис со мобилни телефони во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП