27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai ќе постави 4х4 на N-моделите

Hyundai ќе постави 4х4 на N-моделите

Компанијата „Hyundai“ ќе ги опреми следните модели од гамата „N“ со систем за погон на сите четири тркала, но тоа ќе се случи по одреден временски период. Тестови на такви автомобили веќе се направени, призна шефот на единицата „Hyundai N“ – Алберт Бурма, пред „Top Gear“.

Поранешниот директор на „BMW M“ додаде дека најголемиот проблем во моментот е недостатокот на моќност кај моторите на спортските верзии на автомобилите на „Hyundai“. Затоа и следните „N“-модели на брендот, односно оние кои ќе се појават во блиска иднина, ќе си останат со погон на едниот мост.

Бурма откри и дека во „Hyundai“ работат на нова автоматска трансмисија при која брзините ќе можат да се менуваат и на рака. Овој менувач ќе се става на „N“-моделите, но тие ќе се нудат и со механички пренос.

Првиот модел од „N“-палетата на Корејците стана „i30 N“. Тој е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор во две варијанти на моќност – 250 и 275 (со пакет „Perfromance Pack“) КС. Агрегатот се комбинира само со 6-брзински мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 6,2 секунди, а максималната брзина е 250 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП