27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAdobe конечно го „убива“ Flash во 2020-та

Adobe конечно го „убива“ Flash во 2020-та

Американскиот технолошки концерн „Adobe“ планира конечно да се откаже од својата веб технологија „Flash“, еднаш засекогаш.

Компанијата најави дека со созревањето на отворените стандарди како „HTML5“, „WebGL“ и „WebAssembly“ се повеќе производители интегрираат поддршка за нив во прелистувачите што ги прави дополнителните приклучоци непотребни. Ова доведе до одлуката да се прекине поддршката за „Flash“. Тоа беше координирано со некои од технолошките партнери на „Adobe“ како „Apple“, „Facebook“, „Google“, „Microsoft“ и „Mozilla“.

Сето ова се случува, откако во последните години корисниците на „Chrome“, „Microsoft Edge“ и „Safari“ почнаа да го блокираат „Flash“ и рекламите базирани на приклучокот. Креаторите на прелистувачите инсистираат за користење на модерните формати, како „HTML5“ видео кое најпосле стана широко распространето.

Како директна последица од тоа „Adobe“ изјави дека до 2020-та година ќе прекине со обновувањето и ширењето на „Flash Player“. Компанијата ги советува креаторите на содржини да мигрираат од сегашните „Flash“ производи кон споменатите отворени формати.

Бидејќи голем број бранши (како што се образованието, игрите и видеата) се потпираат на „Flash“, „Adobe“ ветува дека ќе продолжи со одржувањето до 2020-та година за основните оперативни системи и прелистувачи, а ќе пушта редовно поправки за безбедноста и да ја задржи компатибилноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП