26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ja засилува ценoвната војна

Ryanair ja засилува ценoвната војна

Ирската нискотарифна авиокомпанија „Ryanair“ најави дека може да ги намали тарифите со до 9% по некои правци во очекување на зголемена конкуренција во следните неколку месеци, пишува „BBC“.

Предупредувањето на најголемиот европски превозник по бројот на патниците доаѓа по појавата на слични коментари за ценовниот притисок и од конкурентите на „Ryanair“ во последниве недели.

Конкуренцијата расте, откако авиокомпаниите повторно ги свртеа своите капацитети во Турција и Северна Африка, изјави „Ryanair“.

Коментарите погодија акциите на компанијата. На Лондонската берза акциите на „Ryanair“ поевтинија со 2,96% и покрај големиот раст на профитот, која го забележа компанијата. Toа е најсилниот пад од пред 4 месеци.

Профитот пред даноци се зголеми за 55% до 397 милиони евра во трите месеци до 30-ти јуни, потпомогнат од силниот период околу Велигден. Приходите пораснаа за 13% до 1,68 милијарди евра. Просечната тарифа во кварталот е зголемен за 1% до 40,3 евра.

Авиокомпанијата соопшти дека очекува тарифите да се намалат за 5% во шесте месеци до крајот на септември и со 8% во шесте месеци до крајот на март 2018-та година.

„Очекуваме ценовната средина да остане многу конкурентна“, коментира шефот на компанијата Мајкл О’Лири во соопштението. „EasyJet“ и „Wizz Air“ исто така, рекоа дека тарифите ќе бидат под притисок ова лето.

На почетокот на денешната седница акциите на „EasyJet“ поевтинија за 3,5%, додека сопственикот на „British Airways“, „IAG“ забележа пад од 2,5% на акциите.

Раководството на „Ryanair“ исто така го повтори предупредувањето за сериозните паѓања на летовите меѓу Велика Британија и Европа, ако преговорите за „Brexit“ не доведат до билатерален договор за летовите. Авиокомпанијата предупреди дека може да ги поништи летовите и да ги премести своите операции во странство, ако нема таков договор.

„Имаме потреба од разјаснување, за да можеме да планираме распоред за 2019-та година“, изјави за „BBC“ главниот финансиски директор на компанијата Нил Сорахан.

„EasyJet“ објави минатата недела дека добила сертификат за авиопревозник во Австрија, за да може да продолжи да лета во ЕУ по „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП