26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus го претстави најмоќниот автомобил во историјата (фото+видео)

Lotus го претстави најмоќниот автомобил во историјата (фото+видео)

Британскиот производител „Lotus“ ја претстави најекстремната модификација на спортскиот автомобил „Evora“, кој го добил додаток „GT430“ кон името. Тој е и најмоќниот „граѓански“ автомобил во историјата на брендот.

Во купето е поставен модернизиран 3.5-литарски V6 мотор со механички компресор. Моќноста на моторот, кој се комбинира со 6-брзински мануелен менувач, е 436 КС и 440 Nm вртежен момент. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,7 секунди, а максималната брзина достигнува 305 км/ч.

Моделот добил преден и заден браник од карбон. Од истиот материјал се направени предниот сплитер и задното антикрило. Тоа помогна за постигнување на тежина од 1258 килограми, што е за 26 килограми помалку од моделот „Evora Sport 410“.

Во стандартната опрема на автомобилот влегуваат издувни гасови од титаниум, само-заклучувачки диференцијал „Torsen“, прилагодливи амортизери „Ohlins“, нови лесни пружини „Eibach“, а исто така и гуми „Michelin Pilot Sport Cup 2“.

Од компанијата тврдат дека новото купе евидентирало време од 1 минута и 25,8 секунди на испитниот полигон во Хетел. Овој резултат е речиси еднаков со оној на екстремниот модел „Lotus 3-Eleven“.

„Lotus Evora GT430“ ќе излезе во ограничен тираж од 60 примероци, а цените засега се непознати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП