27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип отвори уште еден канал за комуникација со корисниците, разговори во живо...

Вип отвори уште еден канал за комуникација со корисниците, разговори во живо преку Live chat

Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон корисниците, Вип воведува уште една новина и на своите корисници им овозможува сосема нов канал за комуникација– Live chat и тоа преку официјалната веб страна на компанијата, www.vip.mк.

Преку овој интерактивен канал за комуникација сите корисници и заинтересирани за понудата на Вип можат во секое време да ги добијат информациите кои им се потребни, и да добијат одговор на сите прашања кои ги имаат.

Корисниците при посета на веб страната т.е. на сегментите кои се однесуваат на постпејд, припејд и Комбо тарифните модели, имаат опција да започнат разговор со агент за корисничка поддршка и тоа со кликање на прозорче во долниот десен агол. Со внесување на своето име и презиме и телефонски број, веднаш стапуваат во контакт со агент од Контакт центарот, и можат да го постават своето прашање или да побараат помош.

Исто така, доколку корисникот извесен период е на веб страната на Вип а не започнува разговор со агент, агентот од Контакт центарот има опција да иниција разговор односно да му понуди помош на корисникот.

Live chat опцијата е поставена на следните веб адреси/URL: https://www.vip.mk/postpejd/tarifi, https://www.vip.mk/postpejd/tarifi/opcii, https://www.vip.mk/pripejd/tarifi/vip-fun, https://www.vip.mk/pripejd/tarifi/tarifni-paketi.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП