27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботете ефикасно, а не напорно

Работете ефикасно, а не напорно

Ако мислите дека со тоа што канцеларијата ја сметате за „втор дом“ и постојано во буквална смисла прегорувате од работа ќе имате поголем успех, тоа ви е погрешно размислување.

Новите истражувања на Универзитетот во Падова откриваат дека воркохолизмот е штетен и за здравјето на вработени и за нивните достигнувања во работата, затоа оттаму советуваат дека не треба да работите напорно, туку да работите ефикасно.

Зголемувањето на психофизичките напори само ги зголемува шансите да се разболите, а со самото тоа и не сте толку продуктивни на работа иако давате максимален напор.

Исто така, ако работата ја носите дома, и постојано работите прекувремено, се намалуваат шансите да закрепнете од напорниот работен ден, а со тоа се зголемуваат шансите да бидете преморени и во текот на утрешниот ден и така секој нареден ден.

Истражувачите проучувале  вработени во една приватна компанија и дошле до заклучок дека ако напорно работите го намалувате ефектот на својата работа, бидејќи не сте во состојба да бидете продуктивни и на највисоко ниво постојано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП