26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗголемете ја продуктивноста во текот на денот за само една минута

Зголемете ја продуктивноста во текот на денот за само една минута

За оние кои не се ранобудници, мислата да бидат вредни во текот на утрото делува одбивно. Но постои рутина од само една минута да го започнете денот како што треба: наместете го креветот.

Се сеќавате како родителите ве тераа како дете да го местите креветот? Веројатно мислевте дека тоа е губење време – ионака се повторно ќе разместите кога ќе си легнете… Сепак, без оглед дали знаеле или не – доброто од оваа задача е далеку поголемо од уредноста.

Во својата книга „Моќта на навиките“ авторот Чарлс Духиг пишува дека местењето на креветот наутро е поврзано со зголемената работа и продуктивноста во текот на денот. „Местењето на креветот нема да предизвика да работите повеќе на работа“, пишува Духиг, „но тоа е клучна навика која може да предивика верижна реакција каде ќе стекнете и други добри навики“.

И тоа не е се, според авторот, луѓето кои ја практикуваат оваа утринска рутина имаат поголема веројатност да живеат во благосостојба и подобро да управуваат со својот буџет. Како што пишува „Psychology Today“ оние кои го местат својот кревет повеќе ја сакаат својата работа, често поседуваат свој стан, вежбаат редовно и се чувствуваат одморено.

Има смисла. Во уредното и организирано опкружување и ние самите се чувствуваме подобро. „Кога просторот ни е среден, средена ни е и главата“, велат многумина, а надредените и колегите често гледаат какво ви е работното биро, бидејќи уредноста на бирото многу говори за вас. Местењето на креветот спаѓа во вистинскитие работни навики, а за нив знеме дека се важни, ако не и клучни за успех во животот.

Таа едноставна навика, која може да се направи за помалку од минута, ќе направи да се чувствувате подобро и попродуктивно пред да го изедете вашиот појадок и да заминете на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП