26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва е новата Nokia 8

Oва е новата Nokia 8

Интернет страната „Venture Beat“ објави фотографии од новиот смартфон „Nokia 8“ од кои може да се види дека тој телефон на задната страна ќе има „Zeiss“ камери, кои според гласините, би требало да имаат резолуција од 13MP.

Што се однесува од останатите опции на „осмицата“, може да се очекува екран со дијагонала од 5,3 инчи и резолуција од 2560×1440 пиксели, процесор „Snapdragon 835“, потоа 4 или 6GB RAM и 64GB простор за чување на податоци.

Според тие спецификации, изгледа дека „Nokia 8“ ќе мора да се натпреварува со најмоќните паметни телефони на пазарот, а според информациите на сајтот „WinFuture“ цената ќе изнесува 589 eвра.

„Nokia“ не се држеше до трендовите присутни меѓу топ моделите на пазарот – екран без работви. Звучникот и камерата се наоѓаат на горната страна, додека на долната се „вистински“ копчиња. Телефонот најверојатно ќе се испорачува со „Android“ верзијата „7.1.1 Nougat“.

И покрај некои гласини, моментално не е познато кога ќе можеме да ја очекуваме официјалната премиера на „Nokiа 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП