26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве неколку решениja доколку ја мразите својата работа

Еве неколку решениja доколку ја мразите својата работа

Секој кој работи доаѓа до момент кога повеќе не може понатаму. Едноставно сакате промена, а до нова работа не е лесно да се дојде, па станувате депресивни и загрижени.

Директорот на компанијата Redwood Logistics, Тод Бергер, кој има повеќе до 400 вработени, тврди дека во таа ситуација човекот мора сам на себе да си помогне. Бергер дава седум совети како повторно да ја засакате својата работа и да не се чувствувате лошо секој ден.

1. Одлучете што дефинитивно сакате

Совесно и одговорно одлучете што сакате и каде се гледате. Ако ви е јасно дека во компанијата во која работите не можете да направите ништо за себе, тогаш веднаш започнете со потрагата по нова работа, средете ја биографијата, испраќајте молби и размислете за започнувањето на сопствен бизнис. Ако одлучите да останете во формата во која веќе не сте, обидете се да направите подобро работно место за вас.

2. Вклучете се

Компаниите нудат многу можности, но на вас ви останува да се вклучите и во активностите надвор од работа. Можете да одите на семинари, работилници или хуманитарни активности. Некогаш е лошо да ги избегнувате. Во тие ситници можете да најдете нови пријатели и да се запознаете со повеќе вредности.

3. Следете ги другите сектори и работи

Во компанијата постојат повеќе сектори, па погледнете што и како работат некои ваши други колеги. Тоа ќе ви даде широка перспектива и ќе ја зголеми вашата продуктивност. Ако ништо друго, ќе ви овозможи нови разговори и запознавање со нови теми.

4. Обидете се да се образувате надвор од традиционалната рамка

Размислете за тоа да започнете со курсеви за повеќе странски јазици, работа на компјутер и слично. Чувствувајте се поспособни, тоа ќе ви го отвори патот.

5. Преземете повеќе одговорност

Ако се досадувате на работа, можеби немате доволно предизвици и возбуди, а тоа знае „да убие“. Можете да побарате повеќе одговорности и прилики за напредок. Иако звучи лудо, така ќе ја проширите својата одговорост и ќе бидете подобри во очите на вашите шефови.

6. Споредете ја својата работа со омиленото хоби

Многумина од нас сакаат да потрошат многу време на хобито кое го сакаат. Бергер порачува дека е потребно истата енергија да ја вложиме и во својата работа. Иако хобито е нешто што ве опушта од работата, можеби и не е лошо понекогаш на работата да гледате како на нешто такво.

7. Инвестирајте во иднината на својата компанија

Би требало да размислите на кои начини можете сами да придонесете, кои прилики можете да ги создадете со луѓето во компанијата. Размислете за организирањето на заеднички активности за вас и вашите колеги. Можеби така би можеле да се зближите со нив и да започнете навистина да уживате во вашата работа. Многу е полесно да ја засакате својата работа кога ви се допаѓаат и луѓето со кои работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП