27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСофтверот и хардверот за игри ќе генерираат приходи од над 150 милијарди...

Софтверот и хардверот за игри ќе генерираат приходи од над 150 милијарди долари

Софтверот и хардверот за игри, земени заедно, за прв пат ќе донесат повеќе од 150 милијарди долари приходи во 2017-та година, пишува „VentureBeat“, повикувајќи се на новиот извештај на „Digi-Capital – Games Report“.

Податоците покажуваат дека на софтверот ќе се паднат три четвртини од таа сума, а соодветно на хардверот – една четвртина.

Со годишна стапка на раст од 7,9% во следните пет години, софтверот и хардверот за игри заедно можат да достигнат приход од над 200 милијарди долари до 2021-ва година, се додава во извештајот.

Но не сите ќе добијат, бидејќи игрите станаа пазар на две брзини. Од едната страна се гигантите кои ги дефинираат правилата, а од другата се помалите сектори со брз раст, каде флексибилните независни компании се уште можат да остават свој белег.

Мобилните игри растат исклучително брзо од претстаувањето на „iPhone“ и секторот може да надмине 50 милијарди долари приходи за првпат во 2017-та година. Сепак добрите перформанси, растот на овој тип на игри може да го забави до 14,5% и да достигне малку над 80 милијарди долари до 2021-ва година (бруто приходи од „iOS“, „Google Play“ и кинеските продавници за апликации). Тоа се повеќе приходи од оние на целиот пазар на игри во 2010-та година.

Конзолите за игри и мултиплеерите за игрите со битки ќе имаат послаби приходи одделно отколку мобилните во оваа година. Со забавувањето на растот, секоја од нив може да донесе околу 30 милијарди долари приходи во наредните пет години. Ова може да ги направи мобилните игри поголеми од конзолата и тоа мултиплеерите игри со битки, земени заедно, дотогаш.

Хардверот за виртуелната реалност може да генерира слаби едноцифрена приходи во милијарди, а до 2012-та година сумата да достигне 7 милијарди долари. Но во оваа област доминираат гиганти како „Facebook“ и „Samsung“, па одлуките на специфични технички проблеми се можеби добра можност за стартапите.

Софтверот за игри со додадена реалност, а особено мобилни, веќе има прв хит во лицето на „Pokemon Go“. Ако мобилната додадена реалност излезе на масовен пазар во наредните 12 месеци, потпомогната од „Facebook“, „Apple“, „Google“ и други, овој вид на софтвер може да достигне 7 милијарди долари приходи за пет години – повеќе од игрите со виртуелната реалност.

„Pokemon Go“ можеби  генерираше повеќе пари од сите игри со виртуелната реалност земени заедно во минатата година, но софтверот за игри со виртуелната реалност допрва ќе бележи успеси. Тој може да достигне 6 милијарди долари приходи до 2021-ва година.

Електронските спортови се последен од секторите со висок раст. Но, и покрај големите инвестиции, се уште има прашања за тоа колку голем ќе стане тој пазар во однос на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП