26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.07.2017

Дневен хороскоп 11.07.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во овој ден ќе ви се случат милион работи од кои ќе сфатите дека плановите кои сте ги правеле и реалноста во секојдневието се два различни поими. Ќе слушнете некоја новост која многу ќе ве израдува и ќе ви го разубави денот. Сакате да му приредите изненадување на партнерот.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ова ќе биде одличен ден за вас, ќе почувствувате некаква среќа која ќе ве разнежни. Некој ќе ве потсети на убаво поминатото време во минатото а вие ќе бидете веднаш подготвени да му се вратите на тоа време.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Анализирајте ги апсолутно сите достапни податоци пред да донесете било каква одлука. Пожелно е да не донесувате одлука индивидуално, туку да се координирате и работите тимски. Заборавете на кредитите и позајмувањето од пријателите, ова е неповолен момент за такви чекори.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе направите добра соработка која подоцна ќе ви донесе дополнителни приходи. Среќни ќе бидете со вашата одлука и вашиот успех на деловниот план. Но приватниот живот ви создава незадоволство, можеби крајно време е да го исполните со нови пријатели и вклучување во активниот социјален живот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете загрижени од секојдневните работни обврски. Дколку сте во можност одвоете ги своите мисли и работните обврски и посветете се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе одколку што мислите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започните и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги кои не можете да ги надминете а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не се фокусирајте кон проблемите и нивните корени, фокусирајте се на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Несериозни сте во врска со некој проблем кој ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатака несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате подршка за остварување на вашите желби, па затоа искоритете ја подадената рака кон вас и запливајте во деловните води. Парите кои сте ги позајмиле ќе најдете соодветен начин како да бидат вратени, затоа не се грижете. Ќе бидете повикани на некоја забава, каде ќе запознаете многу интересна личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП