26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda и Hitachi градат фабрика за електрични мотори

Honda и Hitachi градат фабрика за електрични мотори

Компаниите „Hitachi Automotive Systems“ и „Honda Motor Co.“ објавија за создавање на заедничко вложување за развој, производство и продажба на електрични мотори за автомобили. Заедничката компанија ќе се вика „Hitachi Automotive Electric Motor Systems“, а ќе се базира во јапонската префектура „Ибараки“.

Партнерите ќе инвестира во проектот 5 илјади милијарди јени (околу 44 милиони долари), а „Hitachi“ добива 51% од акциите, а „Honda“ – 49%. Новото заедничко вложување ќе има за цел да „реагира брзо на глобалното зголемување на интересот за електрични возила од страна на автомобилските производители, така што ќе создава конкуретноспособни мотори кои ќе ги користат обидите и на двете компании“.

Претходно оваа година „Honda“ создаде слична фирма во САД заедно со „General Motors“. Таа ќе произведува горивни ќелии за водородни автомобили од новата генерација. Компанијата се нарекува „Fuel Cell System Manufacturing“, а ќе почне со работа во 2020-та година. Уште не е познато кога ќе стартува продукцијата на „Hitachi Automotive Electric Motor Systems“.

Во плановите на „Honda“ до крајот на годината влегува претставувањето на два целосно нови електрични возила, од кои едниот ќе се продава во целиот свет, а другиот само во Кина. Јапонскиот производител планира до 2030-та година барем 2/3 од моделите на марката да користат електрични мотори. Тоа, сепак, ќе бидат хибриди, а не чисти електрични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП