26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Атлетико Мадрид пристигнува Ибрахимовиќ!?

Во Атлетико Мадрид пристигнува Ибрахимовиќ!?

Шпанските медиуми најавуваат дека Атлетико Мадрид подготвил пеколен план според кој Златан Ибрахимовиќ ќе заврши во црвено-белиот дрес.

Информацијата прв ја објави каталонскиот весник „Спорт“, кој пишува дека Атлетико ги остварил првите контакти со легендарниот шведскиот напаѓач, кој е слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.

Атлетико, поради забраната која ја има од ФИФА, би можел да смета на Ибрахимовиќ од 1 јануари 2018 година, но тоа не им претставува проблем на „јорганџиите“ бидејќи Златан тогаш треба целосно да се рехабилитира од повредата со која се здоби во финишот на минатата сезона.

Иако за Атлетико тој би стекнал право на настап во јануари, Ибрахимовиќ доколку реши рехабилитацијата во Мадрид може да ја почне денес.

По повредата во дресот на Јунајтед, во Лига Европа, многумина веруваа дека 35-годишниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во САД, но тој деновиве рекол дека би сакал уште еднаш да се обиде да ја освои Лигата на шампионите. Овој трофеј Ибрахимовиќ го нема во својата колекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП