26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: BMW X3 зa 2018-та година (фото+видео)

Светска премиера: BMW X3 зa 2018-та година (фото+видео)

Германскиот производител „BMW“ официјално ја покажа новата генерација на кросоверот „X3“. Моделот е преобразен однадвор и одвнатре, добил нови опции, меѓу кои е клуч со интегриран дисплеј, како и „жешка“ верзија „M40i“.

Во споредба со својот претходник, „X3“ стана подолг, поширок и повисок, а неговите димензии соодветно се 4716, 1897 и 1676 mm. Растојанието помеѓу двете оски е зголемено со 54 мм и веќе достигнува 2864 mm. Освен тоа инженерите на „BMW“ постигнале идеална распределба на масата меѓу двете оски – 50:50.

На изглед возилото останува со лесно препознатливиот профил, но целосно се обработени како предниот, така и задниот дел. Моделот добил нова оптика, вклучувајќи 6-аголни светла против магла – нешто што се случува за прв пат во гамата „BMW X“.

Надворешноста на кросоверот ќе се разликува во зависност од нивото на опрема – предвидени се варијанти „xLine“, „M Sport“ или „Luxury Line“. Во основната опрема на моделот влегуваат 18-инчни тркала, а со доплата се нудат такви со димензии до 21 инч.

Ентериерот на „X3“ е целосно нов, а топ-верзиите добиваат тризонска клима со систем за јонизација на воздухот, вентилација на предните седишта, панорамски покрив и клуч „BMW Display Key“. Со помош на интегрираниот во него дисплеј може да се добиваат информации за состојбата на различните системи на возилото, а тој може да се користи и за управување на автономниот систем за греење.

На мултимедијалниот коплекс новата генерација на кросоверот располага со функција за управување со гестови. За моделот се нудат најсовремени системи за помош на возачот, меѓу кои активен крус-контрол, асистенти за одржување на лентата на движење, како и заштита од страничен судир.

Во палетата на мотори за европскиот пазар влегуваат два дизел и три бензински мотор, а сите ќе се комбинираат со 8-степен автоматски менувач. Во дизелската понуда се 4-цилиндричен со зафатнина од 2,0 литри и моќност од 190 КС, и 6-цилиндричен со зафатнина од 3,0 литри кој развива 265 КС.

Бензинските се 2,0-литарски со 4 цилиндри со 184 и 252 КС, како и редовниот 6-цилиндричен со зафатнина од 3,0 литри. Последниот е за верзијата „M40i“ која развива 360 КС и 500 Нм. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,8 секунди.

За новата „X3“ ќе може да се нарачаат спортска суспензија „M“, систем за регулирање на тврдината на амортизацијата „Dynamic Damper Control“, а исто така спортски сопирачки и адаптивно спортско управување на управувачкиот систем.

Модификацијата „M40i“ се разликува уште со дополнителните аеродинамички елементи на каросеријата и на спортскиот издувен систем со прилагодлив звук. Оваа верзија има и функција „Launch Control“, а поставките на системот за погон на четири тркала „xDrive“ се такви што поголем дел од нив се пренесуваат на задната оска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП