26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе посакува победа во Португалија

Иџе посакува победа во Португалија

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, викендов, во Португалија ќе ги продолжи настапите во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ). Во Португалија, во Вила Реал ќе се возат две трки.

По триумфалниот настап на претходната трка во Германија, Иџе со големи амбиции го очекува португалскиот викенд.

„Во тимот владее одлична атмосфера. Сè е подготвено за трките на кои очекуваме добри резултати. Оваа трка е многу важна за нас. Ќе се обидам да дојдам до победа“, изјавил Стефановски.

В сабота, 24 јуни, во 18 часот по португалско време ќе се возат квалификациите, а в недела, на 25 јуни трките ќе се реализираат во 11:45 и 13:00 часот. Преносот ќе може да се следи на националниот сервис, во 12:45 и 14:00 часот.

Иџе има вкупно 33 бода, со што се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман во ЕТЦЦ календарот годинава. Повеќе од него имаат само Фулин, кој е прв со 43, и Шрејбер со 44 поени на втората позиција.

До крајот на шампионатот остануваат, покрај претстојната трка во Португалија, трките во Хаселт во Белгија од 15 до 17 септември и последната во Мост во Чешка од 6 до 8 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП