26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради трансферот на Погба, ФИФА покрена постапка против Јувентус

Поради трансферот на Погба, ФИФА покрена постапка против Јувентус

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е покрената дисциплинска постапка против Јувентус поради трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунјатед.

Претмет на оваа дисциплинска постапка не е Манчестер Јунајтед бидејќи ФИФА утврдила дека овој клуб не ги прекршил правилата.

Погба во 2012 година од Манчестер Јунајтед, како слободен играч, пристигна во Јувентус, а минатото лето „Старата дама“ му го продаде играчот на Јунајтед за 105 милиони евра.

Во трансферот е вклучена и провизијата која завршила кај контроверзниот менаџер Мино Рајола, со што било прекршено правилото за сопственост на трет субјект.

Доколку ФИФА утврди дека Јувентус ги прекршил правилата, може да биде парично казнет или да добие забрана за трансфери во одреден период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП