26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСекој ден преку милион нови корисници на мобилен интернет

Секој ден преку милион нови корисници на мобилен интернет

Во светот до 2022-ра година ќе бидат 2,6 милијарди нови корисници на мобилен широкопојасен интернет, односно дневно преку милион нови корисници, се предвидува во најновиот извештај на компанијата „Ериксон“.

Шведскиот телекомуникациски гигант прогнозира брз раст на мобилното поврзување и пораст на преносот на податоци на глобално ниво за осум пати до 2022-ра година во однос на моменталниот обемен пренос, се наведува во соопштението на „Ериксон“.

Таа количина на пренос на податоци, како што се објаснува, е еквивалент на 31 милијарди часа непрекинат „HD“ видео стриминг, или количина на податоци кои би биле пренесени кога сите жители на Шпанија ќе стримуваат „HD“ видео содржини 24 часа дневно во текот на еден месец, или кога еден претплатник би стримувал „HD“ видео содржини непрекинато 3,55 милиони години.

Во наредните шест години, скоро 2,6 милијарди нови претплатници ќе започнат да користат мобилни широкопојасни мрежи, а тоа е доволно стадион за Европско фудбалско првенство (со капацитет од 50.000 луѓе) да се наполни 20 пати секој ден. Толку луѓе ја дочекаа Новата 2017-та година на „Тајмс Сквер“ во Њујорк.

Во истражувањето на јунското издание на „Ериксон Мобилити Репорт“, укажува на најголем годишен раст на мобилни податоци сметани од 2013-та година, за што е засулужен големиот раст во Индија, и укажува за потребата за мобилниот интернет сообраќај.

Доминантната технологија за интернет пристап во 2018-та година ќе биде „LTE“, oдносно „4G“, која поради тоа ќе биде најбрзо растечката мобилна технологија досега, проценуваат од „Ериксон“.

Беа потребни само пет години „LTE“ технологијата да дојде до 2,5 милијарди луѓе, во споредба со „WCDMA/HSPA“ или „3G“ технологијата на која и требаа осум години.

Само во третиот квартал од оваа година се очекува дека ќе дојде до раст од 250 милиони нови „LTE“ претплатници.

Вкупниот мобилен сообраќај, како што се додава, порасна за 70 проценти во периодот од првиот квартал во 2016-та до првиот квартал од 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП