26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBosch вложува 1 милијардa евра во фабрика за чипови во Дрезден

Bosch вложува 1 милијардa евра во фабрика за чипови во Дрезден

Германскиот технолошки концерн „Bosch“ ќе гради нова фабрика за чипови и полупроводници во Дрезден. Вкупната инвестиција ќе изнесува 1 милијарда евра, појаснува компанијата, цитирана од „DPA“. Според концернот поради инвестицијата ќе бидат создадени 700 работни места.

„Новата фабрика за чипови е најголемата поединечна инвестиција во над 130-годишната корпоративна историја на Bosch”, признава главниот извршен директор Фолкер Денер.

Поголемиот дел од инвестицијата ќе биде преземена од поддоставувачот со седиште во Штутгарт на автомобилската индустрија. Според економскиот секретар на Владата Матијас Махниг и централната власт ќе помогне со до 200 милиони евра, како и покраината Саксонија.

Но, овие планови треба да бидат одобрени дополнително од Европската комисија. „Целосно сум убеден дека тоа ќе се случи“, појаснува Махниг. Почетокот на изградбата ќе стартува најдоцна во почетокот на 2018-та година, а почетокот на производството се очекува во 2021-ва година.

Барањето на чипови од страна на најголемите светски провајдери за автомобилските производители се зголемува поради зголемената побарувачка на технологии за поврзани автомобили или предмети за домаќинството. „Bosch“ веќе има фабрика за чипови во Ројтлинген и е водечки производител на сензори. За новата инвестиција е избран главниот град на Саксонија, бидејќи таму имало голем потенцијал од квалификувани работници.

„Дрезден како економска место ни нуди добри услови за проширување на нашата полупроводничка експертиза“, вели и управителот на „Bosch“, Дирк Хохајзе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП